Центарот за управување со кризи го објави пресекот на активни пожари до 13:00 часот на територијата на Македонија.
Според информаците на ЦУК, денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно два пожари на отворен простор, од кои активен е еден пожар, а вториот пожар е под контрола.
Активен пожар има во селото Србица во општина Кичево каде гори нива.
Под контрола е пожарот во Општина Ново Село во село Бајково каде гори ниска вегетација и мешана шума.