ЦУК: Цела територија на Македонија под закана од пожари, во моментов се активни три

Според информациите на ЦУК до 13 часот во Македонија биле активни три пожари, два се под контрола и два пожари биле изгаснати

Според најновиот преглед на МКФФИС – Македонскиот информациски систем за шумски пожари, од 10 август 2026 година, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на повисоките делови на Шар Планина е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со висок интензитет, на целата територија на државата“ се наведува во соопштението од ЦУК.

Инаку, според информациите на ЦУК до 13 часот во Македонија биле активни три пожари, два се под контрола и два пожари биле изгаснати.

До 13:00 часот активни пожари имало во општините Штип, Неготино и Македонски Брод.

е-Трн да боцка во твојот инбокс