До 14:00 часот се регистрирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е под контрола, а 4 се изгаснати.
Активни пожари:Општина Дебар – с. Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума);Општина Куманово – населба Перо Чучо (депонија и ниска вегетација);Општина Пехчево – депонијата во Пехчево (депонија).
Пожар под контрола:Општина Пласница – с. Дворци (депонија).
Изгаснати пожари:Општина Валандово – с. Казан Дол (ниска вегетација);Општина Гази Баба – с. Инџиково (ниска вегетација);Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);Општина Врапчиште – во близина на „Риал Компани“ (ниска вегетација).