Диџеите Карл Кокс и Давид Гета закажаа заеднички целоноќен B2B настап в недела, 26 јули, во клубот [UNVRS] на Ибица. Ова е нивна прва заедничка соработка на иста сцена. Според најавите, настапот на двајцата уметници ќе донесе музички избор кој се разликува од нивните редовни соло програмирања.
Карл Кокс изјави дека публиката треба да го очекува неочекуваното од нивниот заедчки сет. Според Давид Гета, оваа соработка му овозможува да пушта музика поинаква од онаа што луѓето вообичаено ја очекуваат на неговите самостојни шоуа.
Двајцата уметници заземаат специфични позиции во електронската музика. Кокс важи за институција на Ибица и претставник на подземната сцена, додека Гета поседува еден од најголемите каталози во модерната електронска музика.
И покрај различните генерации и музички патишта, нивното поврзување се заснова на взаемно почитување. Целоноќниот сет во [UNVRS] го носи контрастот меѓу корените на клубската култура и нејзината глобална еволуција.