Делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара денеска може да останат без вода или да имаат намален притисок во водоснабдувањето, поради технички зафати во трафостаница во ПС Бутел.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, активностите ги изведува ЕВН, а зафатите започнуваат од 05:00 часот. Прекинот или намалениот притисок ќе трае до завршување на работните активности.
Граѓаните од засегнатите делови треба навреме да се подготват, бидејќи не е наведено прецизно време кога водоснабдувањето целосно ќе се нормализира.