Search

„Бура и продор“ на македонската режисерка Беговска повторно пред публиката

„Бура и продор“ е перформанс произлезен од шест дневна работилница во склоп на СКУПИ Фестивалот под водство на режисерката Теа Беговска.

„Како инспирација за овој перформанс, тргнавме од познатото германско движење STURM UND DRANG, во превод Бура Продор, движење во уметноста кое донело нови форми кои силно продреле во делата на големите автори. Во оваа работилница се потрудивме да продреме во нашето време и да искреираме перформанс во кој ќе ја видите бурата и продорот на младите актери“, вели Беговска.

Театар. Шест актери. Еден телефон.
Влезете во светот на шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.

Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење.

„Бура и продор“ – перформанс кој говори за актерот, пред се’ – човек кој бурно се носи и бори со своето време.

Режисер на перформансот е Теа Беговска, а актери во перформаност се: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

Перформансот повторно можете да го погледнете на 22.11 (среда) во 20:00 часот во КСП Центар ЈАДРО, а билетите може да ги набавите на kupikartizase.com или во Кантина Бар.

Во продолжение дел од коментарите од публиката.

Најново

Последни колумни