Букефал доби петта нога, не е тоа што мислите

Стариот препознатлив знак на влезот во Скопје е заменет со ново визуелно решение, кое веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи.

Новиот знак, според објавите што се споделуваат онлајн, е изработен со помош на вештачка интелигенција. Но, наместо модернизација, вниманието го привлече необичен детал – коњот Букефал на илустрацијата изгледа како да има пет нозе.

Граѓаните дополнително забележаа дека новиот дизајн нема многу допирни точки со автентичната архитектура и урбаниот идентитет на Скопје. На него се појавуваат генерички згради, црква што потсетува на белградскиот храм „Свети Сава“, како и зеленило кое повеќе личи на замислена AI-сцена отколку на реалниот град.

Стариот знак на влезот во Скопје беше уништен, а неговата замена требаше да донесе ново и достоинствено визуелно решение.

Наместо тоа, градот доби AI-генерирана илустрација со генеричка архитектура и Букефал со пет нозе – уште еден пример како не треба да се претставува идентитетот на Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс