Бугарија забрани увоз на 11,6 тони македонски пиперки

Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската Агенција за безбедност на храната ги вратила пиперките

11,6 тони пиперки од Македонија биле вратени од бугарската граница откако лабораториските анализи на институциите покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница.

Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите.

Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската Агенција за безбедност на храната наредила целото количество да биде вратено во земјата на потекло.

Пиперките се уште не билепуштени во употреба, а сопственикто на фирмата извозник сега треба да реши дали таа количина ќе биде уништена во соседна Бугарија или пак на депонијата во Дрисла.

е-Трн да боцка во твојот инбокс