На 64 лица се искачи бројот на загинати во тешката железничка несреќа во Шпанија, соопшти регионалната влада на Кастиља-Ла Манча.
Според најновите податоци, уште 80 лица добиваат медицинска помош поради повреди здобиени во судирот меѓу два брзи возови.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе отпатува на местото на денешната сериозна железничка несреќа, објави шпанската влада.
Владата објави на социјалната мрежа X дека Санчез ќе „обезбеди поддршка за работата на службите за итни случаи и ќе изрази солидарност со жртвите и нивните семејства“.
„Приоритет е грижата за жртвите и обезбедувањето најдобра можна координација меѓу надлежните институции“, соопшти владата.
Речиси 100 припадници на шпанската воена единица за итни интервенции (UME) се распоредени на местото на сериозната железничка несреќа во близина на Толедо.
Единицата објави дека ставила на располагање екипи за пребарување и спасување, кучиња трагачи, опрема за спасување на жртвите и екипи за медицинска и психолошка помош.
Воените сили се придружија на голем број служби за итни случаи, полиција, пожарникари и членови на Цивилната гарда кои веќе учествуваа во спасувањето.
