Изложбата „Простор во цут“ на визуелната уметница Тања Манева ќе биде отворена утре, 29 октомври, во 20 часот во Продажниот изложбен салон на Културно-информативниот центар во Скопје.
Публиката ќе може да ја посети поставката до 14 ноември 2026 година.
Тања Манева со самостојни изложби во земјата и странство
Татјана Манева е родена во Битола во 1978 година и работи во областа на сликарството и графиката. Дипломирала во 2002 година, а магистрирала во 2004 година на отсекот графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија и во Друштвото на ликовни уметници на Битола.
Меѓу нејзините самостојни изложби се „Везилка“ во Чифте амам, „Париски слики“ во Мала станица, „Митологијада“ во Музејот на град Скопје и „Неоткриен свет“ во Даут-пашиниот амам.
Своето творештво го претставувала и пред публиката во Париз, Берлин, Амстердам, Њујорк и Хонг Конг. Во поновиот изложбен опус се „Имагинариум“ во Битола во 2022 година, „Colors of the Soul“ во Тирана во 2024 и „Connected“ во Стокхолм во 2025 година.
Манева живее и работи во Скопје.
