Бројот на милијардери во светот може да достигне речиси 4.000 до 2031 година, пренесува Гардијан, додека истражувањата покажуваат како супербогатите го акумулираат своето богатства со забрзано темпо.
Во моментов има 3.110 милијардери глобално, според анализата на агенцијата за недвижности „Најт Френк”. Се предвидува дека овој број ќе порасне за 25% во следните пет години, достигнувајќи вкупно 3.915.
Класата на мултимилионери исто така рапидно се проширува. Бројот на луѓе со имот од најмалку 30 милиони долари (22 милиони фунти) ширум светот порасна од 162.191 во 2021 година на 713.626 денес, што претставува зголемување од над 300%, утврди „Најт Френк”.
Лијам Бејли, раководителот на истражувањето во агенцијата, изјави дека богатството на милијардерите и милионерите „е засилено до максимум” со профитите од светот на технологијата, особено вештачката интелигенција.
„Способноста за скалирање на бизнис никогаш не била поголема”, рече тој. „Тоа ја засили можноста брзо да се стекнат огромни богатства, дополнително поттикнато од технологијата и вештачката интелигенција.”
Бројот на милијардери се очекува да расте најбрзо во нафтобогатата Саудиска Арабија, покажува истражувањето, односно повеќе од двојно, од 23 во 2026 година до предвидените 65 во 2031. Популацијата на милијардери во Полска исто така се очекува да се повеќе од удвои, од 13 на 29 во истиот период, додека пак од 81% во Шведска, од 32 на 58.
Ова доаѓа во моментот кога јазот меѓу најбогатите и најсиромашните во светот продолжува да расте. Минатата година Извештајот за светска нееднаквост покажа дека помалку од 60.000 луѓе ( 0,001% од светското население) контролираат три пати повеќе богатство отколку целата долна половина на човештвото.
Сè погласни стануваат барањата до светските лидери да го зголемат оданочувањето на супербогатите, среде загриженост дека и политичкото влијание го купуваат најбогатите во општеството.
Добротворната организација „Оксфам” утврди дека рекорден број милијардери биле создадени минатата година, притоа вкупниот број за прв пат го надминал прагот од 3.000. Оксфам известува дека милијардерите имаат колективно богатство од 18,3 трилиони долари.
Главниот извршен директор на „Тесла”, Илон Маск, е најбогатиот човек во светот, со нето вредност од 785,5 милијарди долари, според листата на богати на „Форбс”. На второто место е Лери Пејџ, еден од основачите на „Гугл”, со нето вредност од 272,5 милијарди долари, а на третото место е основачот на „Амазон”, Џеф Безос, со нето вредност од 259 милијарди долари.