Бразил прв во групата, Мексико и Јужна Африка испишаа историја на СП 2026

Бразил го освои првото место во групата Ц по победата над Шкотска, додека Мексико со три победи и Јужна Африка со историски пласман во нокаут-фазата обезбедија место во осминафиналето на Светско првенство 2026.
epa13057658 Soccer balls rest on the field during the 2026 FIFA World Cup group stage match between Jordan and Algeria at San Francisco Bay Area Stadium in Santa Clara, USA, 22 June 2026. EPA/BENJAMIN FANJOY

Фудбалерите на Бразил го освоија првото место во групата Ц на Светско првенство 2026, откако во последното коло во Мајами ја совладаа Шкотска со 3:0. Бразилците доминираа во текот на целиот натпревар, а главната ѕвезда беше Винисиус, кој постигна два гола (7. и 45+3. минута). Третиот погодок го додаде Матеус Куња во 60. минута.

Во истата група, Мароко обезбеди пласман во осминафинале по победата над Хаити со 4:2 во Атланта. Мароканците се враќаа од резултатски минус и со головите на Ацраф Хакими, Исмаел Саибари, Софијан Рахими и Гесиме Јасине стигнаа до важен триумф. Бразил ја заврши групата со седум бодови и гол-разлика 7:1, додека Мароко исто така има седум бодови, но полоша гол-разлика, па заврши втор. Шкотска со три бодови останува трета и ќе чека развој во останатите групи за евентуален пласман понатаму, додека Хаити е без бодови.

Во групата А, Мексико го потврди првото место со победа од 3:0 против Чешка, со што ја заврши групната фаза со три победи од три натпревари – историски успех за националниот тим.

Мексиканците претходно ги совладаа Јужна Африка (2:0) и Јужна Кореја (1:0), а против Чешка ја потврдија доминацијата со голови во второто полувреме. Натпреварот го одбележа и настапот на голманот Гиљермо Очоа, кој влезе во игра во 78. минута и настапи на своето шесто Светско првенство, што го прави еден од најискусните играчи во историјата на турнирот.

Во истата група, Јужна Африка приреди големо изненадување и со победа од 1:0 над Јужна Кореја обезбеди историски пласман во осминафиналето. Стрелец на единствениот гол беше Тапело Масеко во 63. минута. Ова е прв пат во историјата Јужна Африка да ја мине групната фаза на едно Светско првенство, а во осминафиналето ќе се соочи со Канада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс