Фудбалската репрезентација на Бразил вечерва од 22 часот ќе игра против Норвешка во осминафиналето на Светското првенство. Тимот предводен од селекторот Карло Анчелоти влегува во натпреварот како голем фаворит, но истовремено се соочува со негативна традиција која трае веќе 24 години.
Имено, Бразил последен пат победил европска репрезентација во нокаут-фаза на Светско првенство во 2002 година, кога во финалето во Токио ја совлада Германија. Од тогаш, Бразил на секое следно Светско првенство бил елиминиран токму од европски селекции. Негативниот низа започна во 2006 година кога Франција го елиминираше Бразил со 1:0 во четвртфиналето. Во 2010 година во Јужна Африка, Холандија го елиминираше Бразил со 2:1 во четвртфиналето.
На Светското првенство во 2014 година во Бразил, Германија го порази домаќинот со историски 7:1 во полуфиналето. Во 2018 година во Русија, Белгија го елиминираше Бразил со 2:1 во четвртфиналето. На последното Светско првенство во Катар, Хрватска го исфрли Бразил по изведување пенали во четвртфиналето.
Сега, Бразил повторно има шанса да ја прекине оваа серија, овојпат против Норвешка и нивната најголема ѕвезда Ерлинг Халанд.