Бразил очекува раст на извозот за 13 проценти благодарение на договорот со ЕУ

Потпретседателот Жералдо Алкмин вели дека договорот меѓу ЕУ и Меркосур до 2038 година може значително да го зголеми бразилскиот извоз, особено на индустриски производи.

Бразилскиот извоз ќе се зголеми за 13 проценти до 2038 година кога целосно ќе биде спроведен договорот за слободна трговија меѓу Меркосур и Европската Унија, изјави потпретседателот на Бразил Жералдо Алкмин. Тој додаде дека само извозот на индустриски производи во тие 12 години би можел да порасне дури за 26 проценти.

Договорот формално стапува во сила на 1 мај, а веднаш ќе бидат укинати царините за речиси 5.000 производи. Меѓу секторите кои први ќе го почувствуваат ефектот се индустријата за шеќер, говедско месо и живина. Сепак, договорот засега ќе се применува рамковно поради противењето на некои членки на ЕУ, особено Франција, и неговото оспорување пред Судот на ЕУ.

Трговијата меѓу Бразил и ЕУ, вториот најголем трговски партнер на оваа земја по Кина, во 2025 година достигна вредност од околу 100 милијарди долари. Алкмин нагласи дека договорот е избалансиран и дека и двете страни имаат право да бараат привремено суспендирање доколку увозот нагло порасне.

Паралелно, Бразил бара и поширока трговска соработка со САД, и покрај тековната американска истрага за наводни нефер трговски практики. Бразилска делегација минатата недела престојувала во Вашингтон, а Алкмин изјави дека земјата сака да ја искористи „добрата хемија” меѓу претседателите Лула да Силва и Трамп за да го прошири партнерството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни