Македонскиот претставник во бокс, Ален Рустемовски обезбеди полуфинале на Медитеранските игри.
Тој денеска во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми, го совлада Ариол Зенели од Албанија.
Полуфиналните и финалните борби на програмате се закажани за утре, а Македонија во Таранто вече освои три медали, еден бронзен и два сребрени.
Денеска, борба за медал во борење ќе има Вероника Консевич која ќе се бори за бронзен медал во категоријата до 57 килограми, а противничка ќе ѝ биде Милица Перовиќ од Србија.