БиХ поведе со 2:0 против Катар: Младата ѕвезда Алајбеговиќ со спектакуларен гол во клучен меч

Босна и Херцеговина поведе против Катар во важен натпревар, откако Алајбеговиќ постигна фантастичен гол. Во тек се и останатите дуели од групата Б.
epa13053138 A match ball on display ahead of the FIFA World Cup 2026 group stage match Ecuador against Curacao, in Kansas City, USA, 20 June 2026. EPA/AMY KONTRAS

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина поведе против Катар во натпреварот од групата Б, благодарение на спектакуларен погодок на Алајбеговиќ. Во 29. минута, по асистенција од Бајиќ, Алајбеговиќ продре во средината, успешно елиминираше двајца противнички играчи и со прецизен удар во блискиот агол го совлада катарскиот голман за водство од 1:0. Само неколку минути подоцна, Босна и Херцеговина ја зголеми предноста на 2:0, откако по една акција топката заврши во мрежата на Катар по автогол на Ал-Браке (34’).

Натпреварот се игра во рамки на последното коло од групната фаза, каде истовремено се следи и дуелот меѓу Швајцарија и Канада. Во другата средба од групата, резултатот засега останува без голови, додека Швајцарците имаат иницијатива и се обидуваат да дојдат до победа која би им обезбедила прво место.

Босна и Херцеговина во првите минути влезе агресивно и создаде неколку шанси преку Демировиќ и Шунјиќ, додека Катар најмногу се заканува преку брзи контранапади, предводени од Афиф. Натпреварот продолжува во високо темпо, а исходот ќе биде клучен за расплетот во групата Б.

е-Трн да боцка во твојот инбокс