МВВ информира дека вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од Специјалната единица Тигар го извлекла телото на М.М. (71) од Скопје.
Претходно, пред четири дена, на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале, по што веќе не излегол од езерото.
Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција, информираат од МВР.