Дел од Карпош утре и во сабота ќе биде без вода

Поради санација на затворачи, дел од корисниците во Карпош утре од 18 часот ќе останат без вода, а нормализирање се очекува во сабота околу 12 часот.

Дел од корисниците во општина Карпош утре и во сабота ќе бидат без вода за пиење, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради санација на два затворачи со профил Ф-400 и Ф-500 милиметри.

Доколку постојат технички услови, интервенцијата ќе започне утре, во петок, од 18 часот и ќе трае до завршување на работите.

Без вода ќе останат корисниците од улицата „Никола Парапунов“, како и дел од корисниците од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“.

Нормализирање на водоснабдувањето се очекува околу 12 часот во сабота, 27 јуни.

Од РЦУК информираат дека доколку не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за наредниот период.

е-Трн да боцка во твојот инбокс