Дел од корисниците во општините Сопиште и Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Без струја од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците во селото Ракотинци, во месноста Црвена Прс, во Општина Сопиште.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, прекин во снабдувањето ќе има и во Општина Ѓорче Петров. Од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците лоцирани во близина на базата на „Еуробетон“ и во реонот на компанијата ББФ кај Стенковец.
Прекините се поради планирани активности за одржување на електродистрибутивната мрежа.