Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, лоцирани спроти ресторанот „Рагуза“, дел од корисниците од улицата „Бранко Гапо“, како и дел од корисниците од улицата „Тодор Чангов“ – крак 17, во Општина Аеродром.
Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „1732“ во Градскиот парк, кај тениското игралиште „Југ“, објектот на К.К. „Работнички“, како и објектите на рестораните „Уранија“, „Маракана“ и „Вршац“, во Општина Центар.
Прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.