По повод Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата во Скопје ќе бидат бесплатни за граѓаните. Одлуката важи за паркинзите со кои управуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Редовна наплата ќе има само на затворените паркиралишта „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“, кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар.
Ќе се наплаќа и на зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза“, кои се под ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Редовната наплата ќе продолжи во сабота, 2 мај, според вообичаеното работно време.