Beauty reset после летото: 5 TikTok трендови што вреди да ги пробате

Поентата на beauty reset-от за есен 2026? Помалку производи и повеќе природност.

Крајот на август е идеален момент за мал beauty reset, по недели сонце, море, високи температури и минимална шминка, кожата, косата и ноктите заслужуваат малку поинаква рутина. А TikTok веќе ги диктира трендовите за транзицијата кон есента. Добрата вест е што есента 2026 не бара совршенство. Напротив – во мода се природната текстура, едноставните рутини и изгледот кој делува како да не сте се труделе премногу.

1. Hair reset по летото

По море, сонце и често миење, косата можеби повеќе од сè има потреба од пауза. Наместо секојдневно пеглање и фен, трендот се движи кон природна текстура и едноставно стилизирање. Меки слоеви, boyfriend bob и таканаречените cloud bangs се меѓу фризурите кои ќе доминираат оваа есен.

За мал домашен reset доволни се добра маска, третман за обновување на влакното и малку масло на врвовите, а неколку дена без топлинско стилизирање можат дополнително да ѝ помогнат на косата.

2. Skin cycling заменет со skin calming

По летото, можеби најлошото нешто што можете да ѝ го направите на кожата е да ја „нападнете“ со уште повеќе активни состојки. Ретинол, киселини, витамин Ц и пилинзи не мора сите да се најдат во истата рутина. Наместо тоа, актуелниот тренд е skin calming, фокус на хидратација и обновување на кожната бариера.

Нежен чистач, хидратантен производ, SPF и нешто што ќе ѝ помогне на кожата да се смири може да бидат многу покорисни од десет различни серуми.

3. Coconut jelly nails – последниот летен маникир

Не сте подготвени да го пуштите летото? Coconut jelly nails се совршени за крајот на август. Станува збор за проѕирен, млечно-бел и „сочен“ финиш инспириран од внатрешноста на кокосот. Трендот дополнително го популаризираше Anne Hathaway, по што маникирот стана хит на социјалните мрежи. Убавината е што изгледа летно, но не е типичен beach manicure, па лесно може да ве префрли во септември.

4. Парфемот ја менува сезоната пред гардеробата

Не мора да ја чекате првата есенска јакна за да го смените мирисот. Свежите цитрусни, кокосови и водени ноти постепено отстапуваат место на ванила, дрвенести ноти, смоква, matcha, јаткасти акорди и помеки gourmand композиции. Трендот е transseasonal парфем, мирис кој сè уште има нешто сончево и свежо, но веќе потсетува на есен.

5. Makeup како да не сте се труделе премногу

Можеби најголемиот пресврт е токму во шминката. По ерата на clean girl естетиката, glass skin и совршено прецизниот makeup, доаѓа lazy beauty, малку размачкан eyeliner, природна текстура, видливо руменило, сјајни усни и коса која не изгледа совршено наместена. Кафеав молив за очи може намерно малку да се размачка, руменилото не мора да биде незабележливо, а сјајот за усни повторно станува доволен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс