Деветтото издание на Beach Film Festival Охрид започнува на 21 јули со претпрограма на плажата Сараиште, а официјалниот дел ќе трае од 22 до 26 јули 2026 година. Охридската публика и посетителите ќе гледаат долгометражни, краткометражни и детски филмови на четири локации, вклучувајќи ги плажите Славија и Сараиште, бродот Армада и Младинскиот центар.
Фестивалската претпрограма започнува во вторник, на 21 јули, на плажата Сараиште. Таму од 20:30 часот ќе се прикаже долгометражниот филм „Железна тврдина“, а по него во 22:00 часот следи „Самоуништување“.

Официјалното отворање е закажано за среда, 22 јули, од 20:30 часот на плажата Славија. По церемонијата, во 21:00 часот ќе биде прикажан филмот „Being Maria“ од официјалната селекција, а вечерта ќе заврши со коктел забава и музичка програма со диџеј. На истиот ден, на плажата Сараиште од 20:00 часот е проекцијата на детскиот филм „Cirkusboy“, а во 21:30 часот продолжува официјалната селекција со „Impatience of The Heart“.
Едукативната програма нуди четиридневна работилница за хорор филм. Таа ќе се одржува секој ден од 23 до 26 јули во спортската сала на ОСУ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 11:00 часот.
Дополнително, на бродот Армада на 23 јули во 17:00 часот ќе се одржи мастерклас со Ана Хут, членка на фестивалското жири. Во Хотел Пела, од 24 до 26 јули, секој ден од 18:00 часот се закажани мастерклас сесии.
Бродот Армада ќе биде домаќин на вечерни проекции во 21:30 часот. На 23 јули ќе се прикаже „One of Those Days When Hemme Dies“, на 24 јули „No Ghosts on Good Street“, а на 25 јули „The Instinct“.
Младинскиот центар Охрид е резервиран за краткометражната програма. На 24 јули од 20:00 и 21:45 часот ќе се прикажат два циклуси од по осум краткометражни филмови. На 25 јули, во истите термини, следуваат два циклуси од по пет студентски краткометражни филмови, по што во 23:00 часот ќе се прикаже „A Swallow’s Journey“.
На плажата Славија секоја вечер во 21:00 часот се прикажуваат филмови од официјалната селекција, проследени со музичка програма во 23:00 часот. На 23 јули на програмата е „Alpha“, на 24 јули „Broken Voices“, на 25 јули „Moon“, а на 26 јули документарниот филм „Silyan“.
Плажата Сараиште останува фокус за детската и официјалната селекција. Посетителите ќе може да ги видат детските филмови „The Diary of Paulina P.“, „Stinky Dog, Happy Life in Paris!“, „Block 5“, „Maya, Give Me Another Title“ и „The Second Diary of Paulina P.“. Во подоцнежните термини од 21:30 или 22:00 часот ќе се прикажат и долгометражните „Hidden People“, „Koma“ и „As We Breathe“.
Фестивалскиот одбор напоменува дека се можни промени на локациите и распоредот поради локалните политики на Општина Охрид за концесиите на плажите.