Започна фестивалот „Балкански музички плоштад“

Фестивалот продолжува во Охрид на 20 јуни кога ќе настапат Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид

Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл” составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев” од Штип.

Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид.

Фестивалот на 21-ви јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд. 

Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен.

И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!”.

Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво”, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс