Search

Бјелогрлиќ: Десничарите нѐ напаѓаа дека сме предавници, но „Убавите села убаво горат” предизвика катарза

– Дали мислите дека нешто значи тоа што правите филм, дека менува некого на овој свет или дека остава некаков белег на некого, со оглед на тоа што светот во кој живееме е прилично брутален?

ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ: Зошто да не! Еве ти го спомна „Убавите села, убаво горат“. Се сеќавам кога излезе тој филм во 1996 година. Тоа беше катарза! Една катарза се случи во Србија. Тогаш десничарите  почнаа да не напаѓаат дека сме предавници итн. Меѓутоа, кога ја виделе гледаноста, замолчеле.

Мислам дека човек кој се занимава со јавна работа, особено со уметничка работа, има обврска јавно да зборува за општеството во кое живее. Не мора да се зборува за политика, туку за општеството. Не се согласувам со моите колеги кои мислат дека, бидејќи се уметници, не треба да се занимаваат со политика и општество. Мислам дека тоа е должност на една јавна личност, особено на уметник и човек кој се моли да ги разбуди луѓето со своите дела. Па, тогаш треба да зборувате малку за општеството. Не можеш да бидеш слеп.

https://fb.watch/og-Vy3lirK/?mibextid=Nif5oz

Најново

Последни колумни