Директните летови меѓу Германија и Сирија се обновени по речиси 14 години пауза. Утринава полета првиот авион од Диселдорф за Дамаск, а со летот раководеше авиокомпанијата „ЛЕАВ Авиејшн“ (LEAV Aviation) со седиште во Келн, користејќи летало „Ербас А320-200“. Според германскиот превозник, ова е прво директно воздухопловно поврзување меѓу двете земји по повеќе од една деценија.
Враќањето на директната авиолинија значително го скратува времетраењето на патувањето за патниците кои изминатите години беа принудени да користат алтернативни и значително подолги копнени и воздушни рути преку околните држави во регионот.
Новата линија од Диселдорф до Дамаск се очекува првенствено да им го олесни патувањето на членовите на сириската дијаспора во Германија, како и на хуманитарните работници и деловните патници кои патуваат на оваа релација.