Мистерија на аеродром: авион слетал за време на забрана и исчезнал од радарите

Аеродромот во Цирих регистрирал слетување во период кога важи ноќна забрана за сообраќај. Летот бил одобрен како специјална операција, но деталите остануваат нејасни.

На аеродромот во Цирих се случил необичен инцидент откако авион слетал во раните утрински часови, иако во тој период важи ноќна забрана за редовни летови од 23:30 до 06:00 часот.

Од управата на аеродромот потврдиле дека слетувањето било одобрено од надлежна федерална институција во Швајцарија, што укажува дека станува збор за специјален лет, кој може да вклучува итни, државни или други посебни операции.

Според податоци објавени во швајцарски медиуми, летот е поврзан со авион на компанијата „Smartwings“, тип Боинг 737 MAX 8, кој претходно полетал од Братислава без патници. По слетувањето во Цирих, авионот продолжил кон Хургада во Египет, а потоа и кон Бужумбура во Бурунди.

Дополнително внимание предизвикало тоа што веб-камерите на аеродромот биле исклучени во моментот на слетувањето, како и информации дека авионот бил забележан во близина на административен центар за притвор.

Овие околности поттикнале шпекулации дека летот можеби бил поврзан со депортациски операции, но засега нема официјална потврда од надлежните институции.

Државниот секретаријат за миграции и Федералната канцеларија за цивилно воздухопловство не дале коментари, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни