Атлетико собори 92-годишен рекорд – десет „јорганџии“ во финалето на Мундијалот

Екипата на Атлетико Мадрид во финалето на Мундијалот ќе има 10 свои играчи, четири во шпанската и шест во аргентинската репрезентација

Атлетико Мадрид постави нов рекорд по бројот на играчи кои ќе се појават во финалето на Светското првенство, бидејќи ќе имаат 10 претставници во натпреварот за титулата – шест во репрезентацијата на Аргентина и четири во репрезентацијата на Шпанија.

Иако во последните години им избегаа големи трофеи, „јорганџиите“ повторно покажаа дека имаат тим полн со квалитетни играчи.

Тимот предводен од Диего Симеоне ќе биде претставен од шест аргентински репрезентативци – Хуан Муса, Нахуел Молина, Хулијан Симеоне, Тијаго Алмадо, Николас Гонзалез и Хулијан Алварез, како и четворица шпански играчи – Маркос Љоренте, Марко Пубиљо, Алекс Баена и Алехандро Грималдо, кои пристигнаа во клубот за време на Светското првенство.

Така, Атлетико го надмина претходниот рекорд поставен од Јувентус, кој имаше девет играчи во италијанската репрезентација во финалето на Светското првенство во 1934 година.

Славната генерација, позната по прекарот „Нацио-Јуве“, во финалето против Чехословачка ги имаше Џанпјер Комби, Луиџи Бертолини, Џовани Ферари, Луис Монти и Раимундо Орси, додека во шампионскиот тим беа уште Вирџинио Розета, Умберто Калигарис, Марио Борљенел и Мариољенел.

Со ова ново достигнување, Атлетико испиша уште една страница во историјата на светскиот фудбал, станувајќи клуб со најголем број играчи во едно финале на Светското првенство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс