Астероид ќе помине покрај Земјата во сабота – без опасност за судир

Астероидот (152637) 1997 NC1 ќе помине на безбедна оддалеченост од Земјата на 27 јуни, соопшти Европска вселенска агенција, без ризик од судир.

Астероидот (152637) 1997 NC1 во сабота, 27 јуни, ќе помине покрај Земјата на безбедна оддалеченост и нема да претставува никаква закана, соопшти Европска вселенска агенција. Според податоците, вселенското тело ќе помине на околу 2.560.000 километри од Земјата, што е приближно шест пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината.

Иако се движи со брзина од речиси девет километри во секунда, научниците нагласуваат дека не постои никаква можност за судир. Астероидот е откриен во 1997 година, а неговата големина се проценува помеѓу 750 и 1.650 метри, врз основа на количината на сончева светлина што ја одбива.

Според Европска вселенска агенција, вакви прелети на објекти од оваа големина се случуваат на неколку години, а овој пат неговата видливост може да биде делумно отежната поради сјајот на Месечината. Астероидот ќе биде видлив со помош на помали телескопи или посилни двогледи, особено во делови од северната хемисфера, додека најдобра видливост се очекува во моментот на неговото најблиско приближување. Иако ваквите настани често привлекуваат внимание, експертите повторуваат дека овој објект не претставува никаква опасност за планетата Земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс