„Археологија на сегашноста“ самостојна изложба на Ана Тодоровска

Изложбата ќе биде затворена со работилница за уметност од отпад, каде заинтересираните ќе имаат можност и сами да создадат артефакти на сегашноста

Од летврти до осми мај во КСП Јадро Центар во Скопје ќе се одржи самостојна изложба на Ана Тодоровска, насловена како „Археологија на сегашноста“

„Археологија на сегашноста“ е истражувачки уметнички и еколошки проект што во својот центар го поставува прашањето: Што ќе откријат идните генерации кога ќе копаат низ остатоците од нашето време?

Во периодот јули–октомври 2025, беа посетени 15 локации низ Македонија кои претставуваат значајно културно и природно наследство. Од овие места беа собрани парчиња отпад, често игнорирани или невидливи за посетителите, кои станаа основен материјал за изработка на скулптуроидни асемблажи. Секое дело ја раскажува приказната за локацијата од која потекнува, откривајќи ги нејзините еколошки, социјални и историски слоеви.

Секој „артефакт на сегашноста“ бара од вас да размислите: Што кажува ова за нас? Какво наследство оставаме зад себе? Преку делата, имате можност да ја дознаете приказната за местото на кое се собрани материјалите (од антички населби до национални паркови и речни крајбрежјa), како и нивното влијание врз животната средина. Оваа двослојна наративна структура ве поканува во подлабоко искуство: да го разгледате уникатното патување на секој артефакт, но и да размислите за улогата што секој од нас ја игра во обликувањето на културната меморија и наследство.

Изложбата не завршува со гледање, туку со учество: ќе биде затворена со работилница за уметност од отпад, каде сите заинтересирани ќе имаат можност и самите да создаваат артефакти на сегашноста, продолжувајќи ја приказната.

На отворањето на изложбата ќе присуствува специјален гостин – Катерина Илијовска од Yes for Less – првата македонска платформа за одржливо живеење, а ќе бидат изложени и фотографии од документирање на процесот на создавање од објективот на Нина Величковска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни