Апулија е прогласена за најпотценетата летна дестинација во светот

Апулија е прогласена за најпотценетата летна дестинација во светот според ново истражување. Откријте кои други места се најдоа меѓу најдобрите за мирен летен одмор.

Апулија, живописната област на југот од Италија, е прогласена за најпотценетата летна туристичка дестинација во светот според ново истражување на компанијата „Eminent“. Анализата ги издвојува местата кои нудат квалитетен одмор, но сè уште не се преоптоварени со туристи.

Истражувањето опфатило повеќе од 50 помалку познати дестинации, при што биле анализирани бројот на објави на Инстаграм, посетеноста, просечните летни температури, туристичките содржини и цените на сместувањето. Апулија се најде на врвот благодарение на своите бели приморски градови, тиркизното море и богатото културно наследство.

Регионот има повеќе од 16 милиони објави на Инстаграм, а годишно го посетуваат околу 6,7 милиони туристи, што е значително помалку во споредба со најпознатите италијански туристички центри. Просечната летна температура достигнува околу 30 степени Целзиусови, а посетителите можат да избираат меѓу повеќе од 1.500 атракции и над 830 хотели, со просечна цена за еднонеделен престој од околу 639 американски долари.

На второто место се најде јапонската Окинава, позната по тропските плажи и кристално чистото море, додека третата позиција ја зазеде Сардинија. Меѓу најдобро рангираните дестинации се и Бусан во Јужна Кореја, Гдањск во Полска, Торино, Кападокија, Нара, Менорка и Ла Паз во Мексико, кои нудат поопуштен одмор далеку од најголемите туристички метежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс