Англија, Велс и Србија ја повлекуваат поддршката за реизбор на Инфантино

Прва фудбалска федерација што се одлучи на таков чекор е Велс, а по неа примерот веднаш го следеше и фудбалскиот сојуз на Србија
Фото: Kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Спорниот план за приватизација на Светското првенство во фудбал, преку продажба на удели на приватни инвеститори ја загрози фотелјата на првито човек на ФИФА Џани Инфантино.

Откако сите членки на УЕФА ендогласно усвоија ослука за бојкот на следното светско првенство, сега одредени фудбалски федерации јавно ја повлекуваат поддршката за реизбор на Инфантино.

Прва фудбалска федерација што се одлучи на таков чекор е Велс, а по неа примерот веднаш го следеше и фудбалскиот сојуз на Србија.

Следна според пишувањата на влијателни спортски медиуми треба да биде Фудбалската асоцијација на Англија.

Инфантино се најде на тапет на глобалната фудбалска јавнност уште за време на одржување на Мундијалот и бројните контроверзи што се случуваа особено на мечевите кои се играа во САД, како забраните за влез на спортски работници и судии, потоа задолжителната пауза за хидратација, повлечениот црвен картон по интервенција на Трамп, но и 25 минутното шоу за време на финалето.

На крајот, капката што ја прели чашата со нездоволство беше планот да се продадат удели во Светското првенство и тоа целосно да се искомерцијализира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс