САД го нападна Иран, Техеран се закани со „многу посилен одговор“

Засега нема информации за евентуални американски жртви или за обемот на штетата од иранскиот противудар. Ситуацијата во регионот останува исклучително напната, а се очекуваат дополнителни реакции од Вашингтон и Техеран.

Американската војска изврши воздушни напади врз ирански складишта за дронови, ракети и радарски позиции, како одговор на неодамнешниот напад врз трговскиот брод Ever Lovely во Ормускиот Теснец. Нападите претставуваат прва директна воена ескалација меѓу САД и Иран по потпишувањето на привремениот меморандум за разбирање на 17 јуни.

Американската Централна команда (CENTCOM) објави снимка од ноќните операции. На видеото, кое е означено како јавно достапно, се гледаат силни експлозии и облаци од чад, но целите не можат јасно да се идентификуваат.

Од друга страна, Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека американските напади биле „агресија што ги крши сите договори“ и тврди дека веднаш возвратила со напади врз американски воени позиции во регионот. Засега не се објавени детали за погодените цели, ниту има официјална потврда од Пентагон.

„Доколку агресијата се повтори, нашиот одговор ќе биде значително поширок од овој“, предупредија од IRGC.

До новата ескалација доаѓа само десетина дена по меморандумот меѓу Вашингтон и Техеран, со кој Иран се согласи да дозволи продолжување на пловидбата низ Ормускиот Теснец под своја координација.

Тензиите повторно се разгореа во четвртокот, кога товарниот брод Ever Lovely беше погоден од проектил додека минуваше низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман. Американскиот претседател Доналд Трамп тогаш нападот го оцени како „глупаво кршење на примирјето“ и најави дека Иран ќе се соочи со последици.

Засега нема информации за евентуални американски жртви или за обемот на штетата од иранскиот противудар. Ситуацијата во регионот останува исклучително напната, а се очекуваат дополнителни реакции од Вашингтон и Техеран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс