Амели Ленс ја освои Авала: Илјадници луѓе на првиот голем техно спектакл под Авалската кула

Амели Ленс, една од највлијателните имиња на светската техно сцена, во повеќечасовниот сет ја донесе енергијата по која е препознатлива на најголемите фестивали во светот

Белгиската техно ѕвезда Амели Ленс и фестивалот Lovefest во саботата приредија музички спектакл под кулата во Авала во Белград, каде илјадници посетители присуствуваа на првиот голем open-air техно настан на оваа локација.

Настанот Tuborg Beat x Lovefest, кој со месеци беше најавуван како еден од најочекуваните електронски музички настани во регионот, донесе продукција од светски размери и постави нови стандарди за големите техно случувања во Србија.

Уште со првите тактови под кулата во Авала беше јасно дека публиката не присуствува само на концерт, туку на целосно визуелно и звучно искуство. Монументалната сцена, моќните светлосни ефекти, сценографијата и панорамата на Белград создадоа атмосфера во која музиката и просторот се споија во едно.

Амели Ленс, една од највлијателните имиња на светската техно сцена, во повеќечасовниот сет ја донесе енергијата по која е препознатлива на најголемите фестивали во светот. Публиката одговори со иста страст – од првиот до последниот момент.

Посебно внимание привлече и фактот што настапот дојде во период кога Ленс неодамна ја сподели веста дека го очекува своето второ дете. Нејзината објава предизвика голем број реакции од фановите ширум светот, а настапот во Србија доби дополнителна емотивна тежина.

Со овој настан, Авала за првпат стана сцена за голем меѓународен техно спектакл, покажувајќи дека регионот може да биде домаќин на продукција споредлива со најголемите европски електронски настани.

Дополнителна атракција беше и специјалната бина на врвот на кулата на Авала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс