УНЕСКО ги внесе Театро да Паз во Белем и Театро Амазонас во Манаус, две оперски куќи во бразилската Амазонија, на Листата на светско наследство. Одлуката е донесена на седницата на Комитетот за светско наследство во јужнокорејскиот Бусан. Двете згради се изградени кон крајот на 19 век, во време на економски бум заснован на трговијата со каучук.
Од УНЕСКО појаснија дека театрите се проектирани како симболи на политички и урбани амбиции.
Театро да Паз е отворен во 1878 година и ја истакнал улогата на Белем како клучна пристанишна точка. Театро Амазонас потекнува од 1896 година и го одразувал забрзаниот урбан развој на Манаус во периодот на процут на трговијата со каучук.
Во официјалното соопштение на бразилската влада, се наведува: „Во архитектонска и уметничка смисла, зградите ги спојуваат увезените влијанија и материјали со локалното дрво и мотиви инспирирани од прашумата. Со тоа е создадена препознатлива естетика која е истовремено космополитска и длабоко амазонска.“
Статусот на светско наследство носи голем углед. Може да поттикне туризам и обезбедува посебна заштита за впишаните локалитети.