Алигатор се сончал во заливот и брзо побегнал штом се појавила полицијата

Полицијата во Неапол, Флорида, била повикана од жителите да избрка необичен натрапник: алигатор кој се сончал на пристаништето кај заливот Мурингс.

Алигаторот побегнал штом видел полиција

„Кога алигаторот ги виде полицајците, реши да побегне“, објави полицијата на социјалните мрежи.

Полицијата предупредува дека ако се најдете во области каде живеат алигатори, никогаш не ги хранете и држете се на дистанца. Исто така, чувајте ги миленичињата на поводник и подалеку од вода.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс