Активни пожари има во Долнени и Кичево

Активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор.

Од нив, два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати.

Активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева.

Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај селото Долна Бошава, каде горела ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснати се два пожара и тоа во општина Желино, кај селото Дебарце, каде била зафатена ниска вегетација, како и во општина Гостивар, кај селото Горна Бањица, во кругот на фабриката САЕМ, каде гореле сува трева и дрвени отпадоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс