Search

Активисти ги чистат океаните: Извадени 11 тони пластика од Пацификот

„Секоја година, милиони тони пластика се фрлаат во океаните или стигнуваат по водите од реките. Ако ништо не се преземе, пластиката сè повеќе ќе ги загадува нашите екосистеми, здравје и економија“, велат активистите. Компанијата „The Ocean Cleanup“ е непрофитна организација која е специјализирана за чистење на океаните, а тоа го прави со модерна технологија. Во текот на оваа недела при чистењето на Тихиот Океан извадени се 11.353 килограми пластичен отпад. Оваа акција се смета за една од најголемите за чистење на океаните.

Чистењето на океанот се состои од две фази. Прво, пластиката се собира од повеќе локации во океанот, а потоа се извлекува на брод кој е специјално опремен за тоа. Втората фаза е чистење на речните текови, бидејќи преку нив ѓубрето стигнува до океаните.

Целта на ваквите акции е да се намали количината на пластика која плута по океаните и тоа за околу 90 проценти до 2040 година.

Извор: n1info.rs

Најново

Последни колумни