„Смртоносна игра“ е наслов на првиот роман на славниот актер, во кој главен лик е поранешен полицаец по име Хари кој се обидува истовремено да излезе на крај со пребогати Руси, неонацисти и колумбиски нарко-картели.
Дебитантскиот роман на Мајкл Кејн, ќе биде објавен во Велика Британија и САД во ноември, годинава. Актерот, кој има 90 години, долго време имал желба да напише трилер и бил инспириран да го напише од една вест, вели неговиот издавач од Велика Британија, Ходерс Ровена Веб. Веста се однесувала на „откривањето на ураниум од работниците на депонија во лондонскиот Ист Енд“. Главниот лик на романот е Хари Тејлор, кој, според синопсисот, е „повикан кога ќе се најде токму таков пакет, мистериозно напуштен во Степни и украден пред полицијата да го врати назад. Додека безбедносните агенции ширум светот прогласуваат црвена тревога, поранешниот човек на САС, Хари и неговиот мал тим мора да се тркаат со времето за да откријат кој има нуклеарен материјал и што планираат да направат со него“.
Главните осомничени во случајот се аристократскиот англиски дилер на уметнички дела Џулијан Смит и мегабогатиот Русин Владимир Волдрев. Заплетот вклучува и „британски неонацисти и колумбиски нарко картели“, оставајќи го Хари да ја пресече бирократијата и да дојде до сржта на криминалниот потфат.
„Јас сум авантуристички човек, не сум литературен човек, затоа не се обидувам да го заменам Шекспир“ кажа Кејн во интервју.

Уредникот на романот, Ник Сајерс, вели: „Кога Роуена и јас го запознавме Сер Мајкл минатата година, открив дека тој не само што е доживотен читател на трилери, туку и автор кој е полн со идеи за нив. „Deadly Game“ е трилер со вистински глас и супер пресврт“.
„Читам само трилери“, му рекол Мајкл Кејн на Ксан Брукс. „Јас сум авантуристички човек, не сум литературен човек, затоа не се обидувам да го заменам Шекспир овде. Романот се заснова на нешто што еднаш прочитав за двајца собирачи на ѓубре во Ист Енд како наоѓаат ураниум во депонијата“.
Една од најпознатите и најомилените британски филмски ѕвезди во изминатите 60 години, Мајк Кејн се појави во повеќе од 130 филмови, меѓу кои „Зулу“, „Алфи“, „Италијанската работа“ и „Слеут“.

Доби Оскари за споредна машка улога за неговите изведби во „Хана и нејзините сестри“ и „Правилата на Сајдер хаус“, а неодамна соработуваше и со режисерот Кристофер Нолан.
Самиот Кејн потекнува од југоисточен Лондон и шест пати има играно лик по име Хари. Наскоро тој ќе биде дел и од филмот „Големото бегство“ покрај Гленда Џексон, заснован на вистинската животна приказна на ветеран од Втората светска војна, кој побегнал од својот дом за да присуствува на годишнината од Денот Д во Нормандија во 2014 година.
Други актери кои неодамна се обидоа да напишат книга се: Итан Хоук, Дејвид Духовни, Хју Лори, Шон Пен и Том Хенкс.
„Смртоносна игра“ е привлечен, брз роман на меѓународни интриги и извртувачка неизвесност од легендарниот актер и британска икона, кој сега се докажува како првокласен трилер писател.