Жителите на крајбрежното гратче Срф Сити во саботата забележаа необична глетка откако силно невреме го поплави источниот американски брег. Во надојдената вода што достигна висина од над еден метар, снимена е ајкула во Њу Џерси како плива директно пред дворовите на куќите, пред да се упати назад кон отворениот залив.
На видеото снимено во Серф Сити, гратче со околу 1.300 жители, се гледа животно што минува низ матната сиво-кафеава вода. „Дали е тоа мала ајкула? О мој Боже, доаѓа наваму“, вели жителка на видеозаписот.
A dogfish shark was spotted swimming through floodwaters in Surf City, New Jersey, heading up a resident's driveway and then toward Barnegat Bay on Saturday. https://t.co/bz1DkvPDni pic.twitter.com/2tzTVQbhYV
— ABC News (@ABC) September 27, 2026
Животното допливало речиси до самиот пристапен пат на еден станбен објект, а потоа го продолжило движењето кон заливот Барнегат.
Иако глетката привлече внимание, стручњаците посочуваат дека немало простор за паника.
Д-р Грег Скомал од Одделот за морско рибарство на Масачусетс објасни дека на снимката се гледа мазно куче, односно атлантски мекаш (Mustelus canis). Станува збор за мал и безопасен вид кој редовно живее во овие крајбрежни појаси.
Нивото на водата во поплавените улици за време на викендот се искачи до 1,2 метри. Поради високиот водостој, дел од локалните жители се движеа низ градот со моторни чамци и кајаци.
Бурата што го зафати североисточниот брег на Соединетите Американски Држави предизвика прекини во снабдувањето со струја и обемни поплави, а однесе и еден човечки живот.