Што е АПЕК и зошто светските лидери се собираат во Шенжен?

Станува збор за блок од 21 членка од Тихоокеанскиот раб,, АПЕК учествува со 61 процент во вкупниот светски БДП и 47% во глобалната трговија
U.S. President Donald Trump and Russia's President Vladimir Putin talk during the family photo session at the APEC Summit in Danang, Vietnam November 11, 2017. REUTERS/Jorge Silva - RC1B1EDB0E40

Светските лидери, од шефови на држави до корпоративни директори и креатори на политики, се собираат оваа недела во Шенжен на годишниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Што е АПЕК?

Станува збор за блок од 21 членка од Тихоокеанскиот раб, меѓу кои се економски сили како што се Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Русија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Според податоците од Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, АПЕК учествува со 61 процент во вкупниот светски БДП и 47 проценти во глобалната трговија, објавува CNN .

Домаќин Кина, фокус на трговијата и безбедноста

Членовите наизменично го организираат годишниот самит, каде што претставниците дискутираат за трговијата, индустријата и регионалната безбедност и тензии. Годинава домаќин е Кина, а собирот се одржува во Шенжен, технолошки и производствен центар на југот од земјата, веднаш преку границата со Хонг Конг.

Иако програмата вклучува неколку настани, најголемо внимание привлекува состанокот на економските лидери што се одржува денес и утре. Се очекува шефовите на државите да се сретнат и да одржат важни билатерални разговори на маргините на самитот.


Претходни самити и односи на моќ

Минатите состаноци на АПЕК беа сцена на значајни настани. На пример, во 2018 година, во услови на зголемени тензии меѓу САД и Кина, американските и кинеските лидери одржаа остри говори. Блокот не успеа да се договори за заедничка изјава за прв пат во својата 25-годишна историја. Минатата година, Трамп го пропушти самитот на АПЕК, но се сретна со Си непосредно пред тоа. Потоа двајцата постигнаа трговски договор по месеци расправии околу царините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс