Торнадо во Бразил коренеше кровови и оштети авион, пилоти спречија трагедија

Збунети патници, оштетени хангари и уништен кров кој паднал врз авион. Ова е сликата од аеродромот во бразилскиот град Шапеко кој од средата е затворен на неодредено време поради штетите од торнадото.

Авион на компанијата Azul, лет 4274, требало да полета токму во моментот кога торнадото го погодило аеродромот. Според видео снимките кои ги објави порталот Portal Chapecó, се гледа како авионот е веќе на пистата, но времето нагло се влошува и видливоста драстично се намалува.

Посадата веднаш го контактирала контролната кула и го откажала полетувањето. „На пистата сме, не гледаме ништо. Авионот многу се тресе и се поместува“, јавиле пилотите во аудио снимката од комуникацијата.

Според концесионерот на аеродромот, Voe Xap, сите полетувања и слетувања се откажани. Според снимките од дрон кои ги пренесува CNN Brasil, уништена е внатрешната конструкција на патничкиот терминал, а оштетени се и хангарите и главната зграда. Дел од уништениот кров паднал врз помал авион кој бил паркиран во близина.


Во невремето се повредени 24 лица. Противпожарните служби се на терен и ги расчистуваат урнатините, а техничките екипи ја проверуваат инфраструктурата на аеродромот за да се утврди кога тој повторно ќе може да биде отворен за сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс