ЕУ ја таргетира руската воена индустрија со санкции против речиси 1.600 лица и организации

Повеќе од половината од новите санкционирани се поврзани со синџирот за производство на балистички ракети, соопшти Каја Калас

Европската Унија денеска ја прошири листата на санкции со речиси 1.600 лица, компании и организации поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс. Одлуката ја усвоија министрите за надворешни работи на земјите членки.

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас соопшти дека повеќе од половината од новите санкционирани се поврзани со синџирот за производство на балистички ракети, пренесува Ројтерс.

Министрите го потврдија договорот што амбасадорите на земјите членки го постигнаа минатата среда, на 7 октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс