83-годишна жена нападната во Ѓорче Петров

Случајот бил пријавен во СВР Скопје, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Осумдесет и тригодишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната од женско лице на подрачјето на Ѓорче Петров.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 11 мај во 09:30 часот во СВР Скопје. Пријавителката, Б.Т. од Скопје, навела дека нападот се случил околу 09:00 часот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс