78 годишен маж од Тетово ја претепал сопругата, заврши во притвор

Од МВР додаваат и дека насилникот веќе бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката

МВР информира дека вчера попладне, полициски службеници го уапсиле Ш.А.(78) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

„Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик и изведен е пред надлежен судија кој му определил осумдневна мерка притвор“ велат од МВР.

Од МВР додаваат и дека насилникот веќе бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс