Владата обезбеди 50.000 литри вода дневно за жителите на Гостивар, со цел да се задоволат основните потреби на населението додека трае забраната за користење на водата од градскиот водовод. Дистрибуцијата ќе се реализира преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, преку повеќе пунктови низ градот.
Вода граѓаните ќе можат да подигнат на следните локации:
- Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
- Градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47
- СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39
- ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
- АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
- Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг, ул. Чеде Филиповски бр. 29
- Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35
Од Владата информираат дека ќе продолжат со преземање на сите неопходни мерки за поддршка на граѓаните сè до нормализирање на состојбата.
Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со контролите и анализите за утврдување на причините за загадувањето на водата и состојбата со гостиварскиот водовод.