1,5 милијарди евра е процената на загубите на Турција од туризам по земјотресот во Истанбул

Турскиот туристички сектор претходно покажал голема отпорност, брзо опоравувајќи се од бројни кризни ситуации. Сепак, брзината на опоравување сега ќе зависи од: ефективноста на комуникацијата за безбедност, превентивните мерки и промоцијата на Истанбул како сигурна и атрактивна дестинација

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер го погоди денес Истанбул, предизвикувајќи паника меѓу жителите и туристите. Иако нема сериозна материјална штета, ваквите настани можат да имаат големо влијание врз туристичкиот сектор – еден од клучните столбови на турската економија.

Во 2024 година, Истанбул го посетиле повеќе од 18,6 милиони странски туристи, што претставува 35,3% од сите странски посети во земјата. Турските туристички приходи достигнаа рекордни 61,1 милијарда долари, при што Истанбул имаше огромно учество во таа бројка.

Според просечната потрошувачка по турист (околу 952 долари), проценетите губитоци поради откажани патувања во следниот месец би можеле да достигнат приближно 1,5 милијарди евра. Оваа проценка се базира на очекуваниот пад на бројот на туристи и нивната потрошувачка непосредно по земјотресот.

Иако не беше регистрирана сериозна штета, земјотресот создаде чувство на несигурност кај потенцијалните посетители. Историјата покажува дека природни непогоди како оваа водат до привремено намалување на туристичкиот сообраќај, сè додека перцепцијата за безбедност не се врати. Туристичките агенции и авиокомпаниите обично бележат пораст на откажани резервации во вакви периоди.

Турскиот туристички сектор претходно покажал голема отпорност, брзо опоравувајќи се од бројни кризни ситуации. Сепак, брзината на опоравување сега ќе зависи од: ефективноста на комуникацијата за безбедност, превентивните мерки и промоцијата на Истанбул како сигурна и атрактивна дестинација

И покрај моменталните предизвици, Истанбул останува меѓу најпосакуваните туристички дестинации во светот, а со соодветни стратегии се очекува брз и стабилен опоравок на секторот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни