14 номинации за македонски филмови и копродукции на AFA Awards 2026

Свеченото доделување на AFA наградите ќе се одржи на 24 октомври во Порто Монтенегро, Тиват.

Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион (АФА), основана од регионални филмски фестивали, ги објави номинациите за овогодишните Adriatic Film & TV Awards – AFA Awards 2026.

Наградите ги издвојуваат најзначајните филмски остварувања и телевизиски серии од регионот, а годинава се доделуваат признанија во 10 категории од кои седум филмски и три телевизиски.

Македонската кинематографија бележи моќно присуство со вкупно 14 номинации во сите седум филмски категории:

„ДИЏЕЈ АХМЕТ“ | Георги М. Унковски
▪︎ Најдобар филм
▪︎ Најдобра главна актерка – Дора Акан Златанова
▪︎ Најдобар главен актер – Ариф Јакуп
▪︎ Ѕвезда во подем – Ариф Јакуп
▪︎ Најдобра режија – Георги М. Унковски
▪︎ Најдобро сценарио – Георги М. Унковски
▪︎ Најдобар дебитантски филм – Георги М. Унковски

„МАЈКА“ | Теона Стругар Митевска
▪︎ Најдобар филм
▪︎ Најдобра главна актерка – Нуми Рапас
▪︎ Најдобар главен актер – Никола Ристановски
▪︎ Најдобра режија – Теона Стругар Митевска
▪︎ Најдобро сценарио – Гоце Смилевски, Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска

„ПАВИЛЈОН“ | македонска копродукција
▪︎ Најдобра главна актерка – Јасна Диклиќ

„ФАНТАЗИ“ | македонска копродукција
▪︎ Најдобар дебитантски филм – Катарина Богдановиќ – Кукла

За номинациите одлучуваа повеќе од 800 членови на Филмската и ТВ академија на Јадранскиот регион.

Мрежата на фестивали во Јадранскиот регион ја сочинуваат Сараевскиот филмски фестивал, Филмскиот фестивал во Загреб, Фестивалот на авторски филм во Белград, Филмскиот фестивал во Херцег Нови, македонскиот фестивал „Браќа Манаки“ и Љубљанскиот филмски фестивал.

Свеченото доделување на AFA наградите ќе се одржи на 24 октомври во Порто Монтенегро, Тиват.

е-Трн да боцка во твојот инбокс