13 годишно дете загина по сообраќајка меѓу автомобил и електричен тротинет

„Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово, возачот бил лишен од слобода“ стои во соопштението од МВР

Сообраќајна несреќа се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу возило „мерцедес“ и електричен тротинет, при што загинало 13 годишно дете кое го возело тротинетот.

„На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од село Черкези, информираа од Министерството за внатрешни работи.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекар констатирал смрт.

„Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово, возачот бил лишен од слобода“ стои во соопштението од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс