Search

Џез обединување во Europe House Veles

Во рамки на Интернационалниот ден на џезот во недела, 28 април во Europe House Veles со почеток во 13:00 часот ќе се оджи концерт музички настан со изведби во живо и џез обединување.

Во склоп на настанот ќе има изложување на музички колекции и обука за подесување грамофони -“Како до подобар звук од вашите плочи-подесување и оддржување на грамофони”, соло пијано концерт на Гордан Спасовски и Vinyl DJ set на Бојан Петков-Шамба.

„Во недела сме дел од иновативноста и духовните ритми на џез музиката, како жанр што има за цел да раскажува приказни кои го надминуваат јазикот! Без разлика дали сте искусен џез ентузијаст или новодојденец во овој правец, недела е совршен ден да бидете дел од овој интересен настан“, порачуваат од Europe House Veles. 

Најново

Последни колумни